/ Прочитано:

906

Во подготовка измени на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност

Министерството за труд и социјална политика подготвува измени на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. Законот, велат од МТСП, не е усогласен со Законот за вработените во јавниот сектор, со Законот за данок на личен доход и со Законот за административни службеници.

„Со предложениот текст на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност се менуваат и дополнуваат одредбите заради спроведување на реформата на системот на социјална заштита преку воведување на гарантирана минимална помош и нов метод на стручна работа преку управување со случај“, велат од МТСП.

М.В