/ Прочитано:

1.033

Во подготовка нов Закон за вештачење

Министерството за правда подготвува нов Закон за вештачење. Целта на законот, посочуваат од Министерството, произлегува од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) и нејзиниот акциски план, каде што е наведено дека системот на судско вештачење во голема мера влијае врз ефикасноста и квалитетот на судските постапки. Поради големиот број упатени критики за актуелниот закон, потребно е да се пристапи кон ревидирање на системот на судско вештачење преку донесување на законски измени.

Законската рамка која детално ја уредува областа вештачење за прв пат беше воведена во 2010 година со донесување на Законот за вештачење. Досега тој беше менуван и дополнуван вкупно пет пати, и тоа во 2014, 2015 и 2018 година. Поради големиот број лоцирани слабости и недостатоци во актуелниот закон, се наметна потребата од донесување на нов закон, кој ќе придонесе кон зголемувањето на ефикасноста и воспоставувањето на функционален систем за вештачење.

M.В