/ Прочитано:

1.007

Во подготовка се измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Министерството за информатичко општество и администрација информира дека во тек е подготовка на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Вршењето на радиодифузната дејност и работите од јавен интерес во областа на радиодифузијата се уредени со Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Едни од целите на законот се обезбедување транспарентен, независен, ефикасен и отчетен јавен радиодифузен сервис и транспарентно, независно, ефикасно и отчетно регулаторно тело во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Меѓутоа, законот не ги постигнува очекуваните резултати. Основна причина за тоа е што кога е донесен законот во 2013 година, Владата и Собранието ги игнорираа забелешките на новинарските и медиумските организации. Покрај тоа, не беа вградени клучните препораки на експертите на Советот на Европа и на ОБСЕ, во врска со намалувањето на политичкото влијание врз медиумите, јавниот сервис и медиумскиот регулатор“, образложуваат од Министерството за информатичко општество и администрација.

М.В