Во подготовка Закон за финансиска поддршка на инвестиции

Министерството за економија подготвува Закон за финансиска поддршка на инвестиции. Со Законот за финансиска поддршка на инвестиции се регулира финансиската поддршка на инвестициите во државата врз основа на начелата на транспарентност, еднаков третман и јавност. Целта на овој закон, посочуваат од Министерството за економија,  е поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија и вработувањето.

М.В