/Прочитано:

241

Во подготовка Закон за контрола на надворешно-трговскиот промет со стоки кои може да се користат за смртна казна

Министерството за економија подготвува Закон за контрола на надворешно-трговскиот промет со одредени стоки кои може да се користат за смртна казна, тортура или друго сурово, нечовечно или деградирачко однесување или казна.

„Целта на предлог законот е регулирање на надворешно трговскиот режим на овој тип стоки, кој, покрај Царинската управа, ќе ја спроведува и Министерството за економија како надлежен орган. Во Националната програма за усогласување со законодавството на ЕУ, во делот на Поглавјето 30 – Надворешни односи предвидено е усогласување со ЕУ Регулативата бр.1236/2005 на Советот од 27 јуни 2005 година во однос на трговија со одредени стоки кои може да се користат за смртна казна, тортура или друго сурово, нечовечно или деградирачко однесување или казна Со транспонирање на оваа Регулатива во законодавството на РСМ ќе се уредат условите и начинот за вршење увоз и извоз на стоки кои може да се користат за целите на извршување смртна казна, или за целите на тортура, или друго сурово, нечовечно, или понижувачко постапување, или казнување, обезбедувањето посреднички услуги, техничка помош, обука и рекламирање поврзани со таквите стоки“, образложуваат од Министерството за економија.

М.В