/ Прочитано:

908

Во подготовка Закон за надворешни работи

Министерството за надворешни работи подготвува нов Закон за надворешни работи.

„Со новиот закон ќе се уредат надлежноста, организацијата и работата на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Новиот закон има за цел реформа на дипломатската служба во насока на нејзина модернизација и професионализација, како и приближување кон современите европски дипломатски служби“, велат од Министерството за надворешни работи.

М.В