/ Прочитано:

2.222

Во подготовка Закон за социјална сигурност за старите лица: Посебно парично давање за старите лица кои не оствариле пензија

Министерството за труд и социјална политика подготвува Предлог-закон за социјална сигурност за старите лица. Од Министерството за труд и социјална политика образложуваат дека реформата на паричните надоместоци заради обезбедување на социјалната сигурност на материјално необезбедените лица ја наметнала потребата за посебна заштита на старите лица кои се материјално необезбедени, односно дека се предвидува воведување на посебно парично давање – право на социјална сигурност на старите лица по навршување на старосната возраст од 65 години за лицата кои не оствариле пензија.

Со овој Предлог-закон, појаснуваат од Министерството, се уредуваат паричното давање за социјална сигурност на старите лица, посебните услови за остварување, начинот и постапката на остварување на правото и финансирањето. Со овој пропис ќе се обезбеди: промовирање и одржување на социјалната сигурност на старите лица, спречување на социјалната исклученост и подобрување на квалитетот на животот, зајакнување на капацитетите на старите лица за водење независен, активен и продуктивен живот.

М.В