Во подготовка законски измени за „зелената нафта“
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува измени на Законот за земјоделство и рурален развој. Целта на законските измени, велат од Министерството, е воспоставување на законска основа за т.н. „зелена нафтa“. Како што претходно најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, законските измени се подготвуваат во консултација и со стручни лица и со земјоделски здруженија. Според најавите, со т.н. Закон за зелената нафта ќе се овозможи поевтина нафта за земјоделската механизација.
М.В