/ Прочитано:

1.558

Во употреба се воведува европскиот број за итни повици Е-112

Во употреба се воведува европскиот број за итни повици Е-112. Во случај на нерсреќа, граѓаните ќе можат да се јават на овој број и да го пријават настанот. Преку координација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита.  Остануваат во функција телефонските броеви 192, 193, 194.

Новиот број 112, нагласуваат од ЦУК,  е потребно да го знае секој граѓанин.  Се работи за европски проект кој треба да го имплементира секоја земја аспирант и членка на ЕУ. Целта е да се спроведе како единствен европски број за итни повици со цел да му се помогне на населението во случај на загрозување на нивните животи или материјални добра на државата.

Европскиот број за итни повици беше воспоставен со измените на Законот за управување со кризи. Во законското образложение беше посочено дека воведувањето на бројот за итни случаи 112 и распределувањето на потребните финансиски средства бара измена на широка законска регулатива, која го опфаќа и Законот за електронски комуникации, каде што е веќе имплементиран бројот за итни случаи 112.

Врз основа на Законот за електронски комуникации, се образложи во законсите измени, е донесен Правилник за единствениот европски број за итни повици 112, каде што е предвидено функционирањето и спроведувањето на единствениот европски број за итни повици од сферата на електронските комуникации.Измената и дополнувањето на Законот за управување со кризи предвидува усогласување со реализацијата на Проектот и започнатата имплементација на европскиот број за итни повици во Република Северна Македонија, E-112.

Законските измени за воведување на европскиот број за итни повици во собраниска процедура

Утврдени законските измени за европскиот број за итни повици

Измени на Законот за управување со кризи во врска со европскиот број за итни повици

М.В