/ Прочитано:

870

Законските измени за воведување на европскиот број за итни повици во собраниска процедура

Во собраниска процедура се измените на Законот за управување со кризи, а во врска со воведувањето на европскиот број за итни повици.

„Во извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за европска интеграција за 2020 година, во Поглавјето 10 – Информатичко општество и медиуми, Република Северна Македонија е оценета како умерено подготвена во областа на електронските комуникации и информатичкото општество. Понатаму, се укажува на тоа дека некои од препораките за 2019 година не се целосно спроведени. Во наредната година, Република Северна Македонија особено треба да продолжи да го спроведува акцискиот план за воведување на бројот за итни случаи 112 и да ги распредели потребните финансиски средства.

Воведувањето на бројот за итни случаи 112 и распределувањето на потребните финансиски средства бара измена на широка законска регулатива, која го опфаќа и Законот за електронски комуникации, каде што е веќе имплементиран бројот за итни случаи 112. Врз основа на Законот за електронски комуникации е донесен Правилник за единствениот европски број за итни повици 112, каде што е предвидено функционирањето и спроведувањето на единствениот европски број за итни повици од сферата на електронските комуникации.

Измената и дополнувањето на Законот за управување со кризи предвидува усогласување со реализацијата на Проектот и започнатата имплементација на европскиот број за итни повици во Република Северна Македонија, E-112.

Тоа е активност која со целосната и постојаната соработка на Центарот за управување со кризи и Канцеларијата на Европската Унија во Скопје, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за информатичко општество и администрација и сите органи на управата кои имаат допирни точки со Е-112 се реализира и е во тек. Во проектот E-112 и неговата имплементација се вклучени Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за електронски комуникации и други. Паралелно со реализацијата на проектот се јавува и потребата од измени и дополнување на постојниот Закон за управување со кризи, („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 36/11, 41/14, 104/15, 39/16 и 83/18). Измената и дополнувањето на законот е потребно подетално да ги дорегулира неколкуте делови поврзани со самиот проект и секако да ја доуреди организацијата и функционирањето на E-112 согласно бараните Европски стандарди“, се вели во законското образложение.

Утврдени законските измени за европскиот број за итни повици

Измени на Законот за управување со кризи во врска со европскиот број за итни повици

М.В