/ Прочитано:

5.269

Возачот обвинет за смртта на студентката Фросина не застанал по ударот затоа што бил во шок

Момчето пред судот рече дека кога се приближувал до Универзалната сала, местото каде што се случи сообраќајната несреќа, претекнувал друго возило и возел со поголема брзина и осетил удар во десното крило во близна на пешачкиот премин. Видојковиќ вели дека не бил свесен оти удрил во некого бидејќи паднала шофершајбната од која се повредил неговиот другар, поради што тој продолжи да вози во болница.

Судење за сообраќајката во која загина Фросина Цековска

Љубиша Видојковиќ, возачот кој е обвинет за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајка, во која загина студентката Фросина Цековска, во денешниот исказ пред судот призна дека пиел алкохол и дека возел со голема брзина кога се случила сообраќајката.

„Додека сум жив, ќе се сеќавам на денот кога ја згазив Фросина. Беше петок, 3 април 2015 година. Бев на работа, зедов плата и со пријатели се договорив да седнеме на ручек. Испив две до три ракии и му го побарав спортскиот автомобил на мојот пријател Сашо“, изјави Видојковиќ.

Момчето пред судот рече дека кога се приближувал до Универзалната сала, местото каде што се случи сообраќајната несреќа, претекнувал друго возило и возел со поголема брзина и осетил удар во десното крило во близна на пешачкиот премин. Видојковиќ вели дека не бил свесен оти удрил во некого бидејќи паднала шофершајбната од која се повредил неговиот другар, поради што тој продолжи да вози во болница.

„Тој ми кажа дека не е тоа важно оти сме направиле поголема беља. Го оставивме автомобилот кај него дома и заминавме во полициска станица да раскажеме што се случи “,  рече обвинетиот Видојковиќ пред судот.

Видојковиќ, раскажа дека не застанал откако ја удрил Фросина затоа што бил во шок и се исплашил.

Судење за сообраќајката во која загина Фросина Цековска

На крајот од својот исказ рече дека не собрал храброст да им погледне в очи на родителите на Фросина и од џеб извади писмо:

„Вашата болка, семејство Цековски, е моја судбина. Знам дека моите зборови нема да ви ја намалат болката, но имам огромна потреба да го искажам моето длабоко жалење. Посакувам тој ден да не бев на тоа место. Додека сум жив ќе се молам за душата на вашиот ангел. Мојот живот после тоа не е веќе ист“, прочита Видојковиќ пред судот.

Видојковиќ е обвинет за кривичните дела тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од членот 300 во врска со членот 297 ст. 1 и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од членот 301 од Кривичниот законик.

Според Обвинителството, во текот на истрагата, врз основа на пронајдените материјални траги – остатоци од ДНА-профили, бил утврден идентитетот на сторителот на сообраќајна незгода, сега обвинетиот Видојковиќ, кој критичниот ден го управувал патничкото моторно возило „хонда прелуде“ по бул. „Партизански одреди“ во близина на Универзална сала, каде што се случила незгода.

Во текот на истрагата, како што посочуваат од Обвинителството, кај осомничениот е утврдено присуство на 1,23 промили на алкохол во крвта, како и пропусти во однесувањето на осомничениот во сообраќајот кои придонеле за случување на сообраќајната несреќа.

Сепак, таткото на Фросина неколкупати досега изрази сомнеж дека обвинетиот е возачот кој ја усмртил нивната ќерка.

Завршните зборови во процесот се закажани за почетокот на јули.

М. С.

Вештакот потврди дека несреќата можела да биде избегната доколку возачот возел со помала брзина

Семејството сè уште се сомнева дека обвинетиот е вистинскиот возач

Поднесено обвинение за сообраќајната несреќа кај Универзална сала