/ Прочитано:

726

Врховниот суд: Не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Морина

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 14 август 2019 година донесе решение по предметот заведен под Кр. бр. 30/2019, со кое го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС. бр. 252/19 од 07.08.2019 година, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т. М., државјанин на Велика Британија и на Република Косово.

Решението по предметот КР. бр. 30/2019 од 14.08.2019 година можете да го најдете тука“, соопштува Врховниот суд.

Соопштение на Кривичниот суд во врска со екстрадицијата на Морина

Министерството за правда бара од Кривичниот суд да се произнесе за постапката за екстрадиција на Морина

М.В