/ Прочитано:

1.430

ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ: САД прави стратегија за заштита на интелектуалната сопственост

Таквата стратегија треба да ги поддржи американските компании во рамките на границите на глобалната економија и интелектуална сопственост помагајќи им да остварат сопствен раст и со тоа да креираат и да отвораат нови работни места.

intelektualna sopstvenost

Инвестициите за иновации во САД во 2015 година изнесувале 135 милијарди долари, но, сепак, од средствата издвоени за тоа изостанала стратегијата за развој на интелектуалната сопственост. „Харвард бизнис ревју“ во објавената статија наметнува прашање дали САД постапуваат правилно и совесно со интелектуалната сопственост.

Голем број држави, како на пример Сингапур и Јапонија, воспоставиле стратегии за интелектуалната сопственост со цел јавноста да има корист од нивните компании кои располагаат со иновативни идеи, а сѐ со цел да се осигурат дека домашното производство на технологиите ќе стане доминантно во глобални размери.

Примарната цел на американските закони и правила за интелектуална сопственост треба да биде воспоставување рамнотежа меѓу ширењето на знаењето и наградата за личниот труд и напор. Таквата стратегија треба да ги поддржи американските компании во рамките на границите на глобалната економија и интелектуална сопственост помагајќи им да остварат сопствен раст и со тоа да креираат и да отвораат нови работни места.

Националната стратегија за интелектуална сопственост би требало да се насочи на следните области:

– Едукација за интелектуална сопственост, затоа што менаџерите, инженерите и претприемачите, пред сѐ, треба да разберат што претставува интелектуалната сопственост, зошто е ценета и како може да влијае врз глобалната економија

– Зголемување на конкурентноста во компаниите, бидејќи владата треба да ги охрабри компаниите да учествуваат во меѓународните интелектуални односи кои понатаму водат кон склучување и на меѓународни договори за интелектуална сопственост, соработка, добивање лиценци итн.

Целта на секоја држава треба да биде промоција на домашните иновации надвор од своите граници, а тоа ќе се постигне со добро поставена стратегија која ќе осигури просперитет како за компаниите кои се бават со интелектуална сопственост така и за граѓаните на државата. Без локална, регионална и национална стратегија за промоција, иднината на американските компании ќе биде нестабилна.