/ Прочитано:

1.502

СОВЕТУВАЊЕ НА ТЕМА: „Граѓанскоправна заштита на правата од интелектуална сопственост“

Советувањето се организира за судиите, советниците и за судските соработници од граѓанските оддели и одделите за трговски спорови од судовите од сите апелациони подрачја, како и за претставници на Државниот завод за индустриска сопственост.

akad 2

Советувањето на тема  „Граѓанскоправна заштита на правата од интелектуална сопственост“, во согласност со Планот на обуки за 2016 година, ќе се одржи на 14 април 2016 година (четврток), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето се организира за судиите, советниците и за судските соработници од граѓанските оддели и одделите за трговски спорови од судовите од сите апелациони подрачја, како и за претставници на Државниот завод за индустриска сопственост.

Излагачи на советувањето ќе бидат судија Лидија Димова од Основен суд Велес и адвокат Марин Гавриловски.

Темите што ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

-Граѓанскоправна заштита на авторското право и сродните права со акцент на актуелни прашања и примери од судската практика

-Граѓанскоправназаштита на правата од индустриска сопственост со акцент на актуелни прашања и примери од судската практика.