Заклучоци во врска со Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација
Дел од одлуките на последната седница на Владата се однесуваат на првиот Годишен извештај за спроведување на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022 година.
Според извештајот, велат од Владата, во изминатиот период беа реализирани клучни резултати од Стратегијата, и тоа во неколку приоритетни области:
Креирање на политики и координација
– зајакната е соработката и координацијата помеѓу Владата и Собранието преку редовна подготовка и доставување на законодавна агенда на Владата до Собранието;
– бројот на нацрт-извештаите за процена на влијанието на регулативата кои ги исполнуваат минимум критериумите во однос на процедурата и транспарентноста на процесот порасна за 20% во 2018 споредено со 2017 година.
Јавна служба и управување со човечки ресурси
– воспоставена е платформа на мрежа за управување со човечки ресурси за континуирана поддршка за вработените во организациски единици;
– зголемена е објективноста во мерењето на учинокот на административните службеници;
– намален е процентот на жалби и приговори поднесени од кандидатите на донесените одлуки за вработување/унапредување од 2017 во 2018 година;
– започнат е процесот на професионализација на високата раководна служба.
Одговорност, отчетност и транспарентност
– извршено е мапирање на сите институции со податоци за вид, статус, надлежности во каталогот на институции на Република Северна Македонија;
– поставена е основа за спроведување на хоризонталната функционална анализа и реорганизација на органите на државна управа, агенции и инспекциски служби од централна власт;
– воведена нова Методологија за внатрешна реорганизација, оптимизација и унапредување на работата на институциите;
– 158 податочни сета се достапни на www.data.gov.mk.
Давање услуги и ИКТ-поддршка на администрацијата
– основан е Национален совет за ИКТ и сајбер безбедност за рационално инвестирање во дигиталната трансформација;
– подготвена е и објавена е законска рамка за: електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги; електронско управување и електронски услуги; централен регистар на каталогизирани услуги од над 80% од законите во кои се пропишани услуги кои ги даваат институциите;
– подготвена е сала и мрежна инфраструктура за потребите на Салата за јавни услуги – Скопје, „Една точка за услуги“;
– развиени се софтверски решенија за Централниот регистар на население и за порталот за е-услуги.
Презентација на Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација
Граѓаните се жалат на долгото траење на процедурите во администрацијата
Годишен извештај и препораки на Агенцијата за администрација
Јавна расправа за Законот за висока раководна служба
М.В