/Прочитано:

878

Законот за централен регистар на население во фаза на подготовка

Министерството за информатичко општество и администрација го подготвува Законот за централен регистар на население. Регистарот за населението во Република Македонија, посочуваат од МИОА, обезбедува пристап до јавните услуги обезбедени од страна на надлежните органи и други лица. Одредбите на овој закон се однесуваат на законските надлежности утврдени за органите на државната управа, органите во состав на министерствата, управните организации и самостојните органи при обезбедување на услуги за остварување на правата и обврските од интерес за населението во Република Македонија. Со воспоставувањето на Регистарот, образложуваат од МИОА, се утврдува унифициран и единствен начин на водење на поединечните бази на податоци, врз основа на утврдени стандарди и процедури.

М.В