/ Прочитано:

627

Законот за управната инспекција се усогласува со Законот за инспекциски надзор

Владата во Собранието поднесе измени на Законот за управната инспекција. Се предлага законот да се донесе по скратена постапка.

„Основната цел поради која се предлага изменување и дополнување на Законот за управната инспекција е заради усогласување со Законот за прекршоците и со Законот за инспекциски надзор во конкретни сегменти во однос на содржината“, се вели во законското образложение.

Управната инспекција го опфаќа надзорот над примената на Законот за општата управна постапка, Законот за инспекциски надзор и другите закони што содржат одредби за управната постапка.

Управната инспекција врши надзор над спроведувањето на одредбите на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници и Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, во согласност со закон.

Управната инспекција врши надзор и над извршувањето на прописите за канцелариското работење.

М.В