/ Прочитано:

559

Законот за установите ќе се усогласува со Планот за борба против корупцијата

„Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за установите, кој се сообразува со Планот за борба против корупцијата и со кој е предвидено да се воспостави мерит процедура за селекција и назначување на членови на управните и на надзорните одбори во јавните установи, воведување на транспарентност во постапката за пријавување и селекција, како и намалување на бројот на членови на управните и надзорните на јавните установи“, соопштуваат од Владата.

Со Законот за установите се уредуваат условите и начинот на вршење на јавните услуги од јавен интерес, установите и други видови на облици и дејности во кои се вршат овие јавни услуги, условите и постапката за нивното основање и статусните белези, давањето и одземањето на дозвола за вршење на дејноста, управувањето, надзорот, статусните измени и престанок, развојот, средства за работа (финансирање), вложувањето на средства, имотот, статутот и другите акти, организационите единици и формите на соработка и здружување, сопственичката трансформација, како и други прашања од значење за вршење на јавните услуги.

М.В