/ Прочитано:

923

Законски измени: Се брише евиденцијата на издадени мандатни платни налози за сторен сообраќаен прекршок

Во собраниска процедура се измени на Законот за полицијата, чиј предлагач е Владата.Со предложените изменувања на Законот за полиција, се посочува во измените, се врши усогласување на одредени сегменти од законот согласно предвидените решенија со Законот за прекршоците, односно нормативно-техничко усогласување, како и техничко-терминолошко усогласување со Кривичниот законик.

Конкретно, извршено е терминолошко усогласување во членовите 50-а и 65-в со терминологијата предвидена со Кривичниот законик, која се однесува на употребата на наркотични дроги и психотропни супстанции. Освен наведеното, се брише евиденцијата за извршени безбедносни проверки и евиденцијата на издадени мандатни платни налози за сторен сообраќаен прекршок.

„Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи содржинско и нормативно-правно допрецизирање на законските решенија во правец на нивно унапредување и усогласување со прописи донесени по донесувањето на основниот текст на Законот за полиција.

Во тоа се состојат и придобивките од предложените решенија, како соодветно и прецизно нормирање на законските решенија за предметните прашања, што би овозможило доследна практична имплементација на предметните одредби од Законот за полиција“, се вели во законското образложение.

М.В