/ Прочитано:

766

Законски измени за олеснет пристап до финансиски средства за микро, мали и средни компании

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот. Основната цел на предлог-законот е да се олесни пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни компании, особено во услови на отежнато работење и намалени приходи и ликвидност како последица од пандемијата.

„Законските измени се заради олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни компании, особено во услови на отежнато работење и намалени приходи и ликвидност како последица од пандемијата. Владата на Република Северна Македонија усвои мерка за воспоставување на државна гарантна шема преку Развојната банка на Република Северна Македонија. Со оваа мерка ќе се овозможи поддршка на приватниот сектор преку преземање на дел од кредитниот ризик, подобрување на условите за колатерал по кредити од деловните банки и стимулирање на банките во понудата на долгорочни кредити за раст и развој на микро, мали и средни компании“, образложуваат од Министерството за финансии.

М.В