/ Прочитано:

4.351

Законските одредби за употребата на химната

Со Законот за химната на Република Македонија се утврдува химната на Република Македонија. Химна на Република Македонија е „Денес над Македонија“ која гласи:

Сo грбот, знамето и химната на Република Македонија се претставува Република Македонија и се изразува припадноста на Република Македонија.

Во Законот за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија се пропишува дека грбот, знамето и химната на Република Македонија се употребуваат во согласност со одредбите на овој закон и на начин со кој не се нарушуваат угледот и достоинството на Република Македонија.

„Како химна на Република Македонија може да се изведуваат само мелодијата и текстот на химната утврдена со Законот за химната на Република Македонија“, се пропишува во Законот.

Химната, се пропишува во Законот, секогаш треба да се свири со достоинство. Химната не се користи како дел од друг вид музика. Химната на Република Македонија може да се свири на почетокот, средината или крајот од манифестацијата на која се изведува, во зависност од тоа на кој начин на химната ќе ѝ се даде најголемо достоинство.

„При изведувањето на химната на Република Македонија, сите присутни стојат во став мирно од свирењето, односно пеењето на првиот тон, па сè до последниот тон на химната, свртени со лице кон изведувачите на химната“, се пропишува понатаму во Законот во кој се утврдени и глоби за непочитување на законските одредби.

М.В