/ Прочитано:

1.192

Зголемен бројот на наплатени приходи од царина, ДДВ и акциза

Во јануари – август 2018 година Царинската управа на Република Македонија вкупно наплатила приходи при увоз и внатрешен промет во износ од 56.580 милиони денари или 920 милиони евра. Наплатените приходи, известуваат од Царината, се поголеми за 11,5% во однос на истиот период во 2017 година, кога биле наплатени 50.709 милиони денари или 825 милиони евра. Во врска со наплатените приходи Царинската управа објави инфографик.