/Прочитано:

1.373

АКАДЕМИК ОБУКА: Е-јавни набавки за договорните органи и економските оператори

Во фокусот на оваа обука ќе бидат токму електронските постапки, иако ќе стане збор и за најчестите и актуелни проблеми, како што е подготвувањето на техничките спецификации со користење на мерливи барања и услови, а ќе бидат споделени досегашни искуства, ќе биде укажано на најчестите грешки, а ќе бидат презентирани и упатства за дефинирање на критериумите за способност низ интерактивни дискусии и практични примери.

akademik foto

На 11.02.2016 година (четврток) во 10:00 часот во хотелот „Queen’s“ Т.Ц. Зебра ќе се одржи обука на тема: „Е-јавни набавки за договорните органи и економските оператори”.

Оваа обука се организира повторно поради голем интерес за обуката (работилницата) за јавни набавки наменета за договорните органи и економските оператори одржана на 27.01.2016 година.

Интересот за оваа обука и мотивот на Академик да ја организира се должи на законската обврска за спроведување на електронските постапки за јавни набавки преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Во фокусот на обуката ќе бидат многубројни практични примери преку кои ќе биде проследена целокупната процедура за спроведување на комплетна постапка за доделување на договор за јавна набавка со користење на е-средствата, како и за задолжителното објавување на определени видови на постапки за јавни набавки со користење на е-средствата, регистрација и објава на огласи во TED, е-поштенско сандаче, е-потпис и е-архивирање.

Почнувајќи од 2016 година, задолжителна станува и обврската за спроведување електронски постапки преку ЕСЈН во најмалку 30% од објавените огласи во 2016 година, поради што, како што беше напоменато, во фокусот на оваа обука ќе бидат токму електронските постапки, иако ќе стане збор и за најчестите и актуелни проблеми, како што е подготвувањето на техничките спецификации со користење на мерливи барања и услови, а ќе бидат споделени досегашни искуства, ќе биде укажано на најчестите грешки, а ќе бидат презентирани и упатства за дефинирање на критериумите за способност низ интерактивни дискусии и практични примери.

Во таа насока, како и во насока на справување со ситуациите на жалбени постапки, ја организираме оваа обука (работилница) со искусни практичари – обучувачи:

Маја Малахова, м-р правни науки – Претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија и во Државната комисија за жалби по јавни набавки, како и претходно искуство како судија и адвокат.

Татјана Пешевска, дипл.екк. – Раководител на внатрешна ревизија, Овластен Државен Ревизор, Сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

Ирена Стоименова, дипл.екк. – Советник за комерцијални работи, Сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки во повеќе јавни институции, искуство во имплементирање на Законите од други области (Закон за градење, Закон за минерални суровини и др. ) во склад со Законот за јавни набавки.

Obuka javni nabavki flaer

Затоа ве поттикнуваме како договорни органи и економски оператори да дојдете со подготвени конкретни прашања и проблеми со кои се среќавате при практичното реализирање на постапките за јавни набавки со цел решавање на истите бидејќи искуството на секој поединец е искуство за сите.

Заинтересираните за обукaта можат да се пријават најдоцна до 09.02.2016 год. (вторник) со регистрација на овој мејл (practicum@akademik.com.mk) или на телефон 02/3232-821 или 02/3237-465.

Учесниците на обуките покрај освежувањето за време на паузите добиваат бесплатни материјали (материјалите ќе бидат доставени по електронски пат по завршување на обуката), сертификат за учество на обуката и -20% попуст за нарачка на кое било пишано издание издадено од Академик.