/Прочитано:

994

АКАДЕМИК ОБУКИ: Преглед на обуките за месец јуни 2016 година

Примена на Законот за катастар на недвижности, со посебен осврт на проектот за подземен катастар. Предавачите, со своите практични искуства, ќе дадат појаснување за воведениот подземен катастар, за обврските и правата на засегнатите страни (сопственици, државата, оператори) и за сите прашања што произлегуваат од неговото функционирање.

obuka4

Следниот месец, во организација на Академик, ќе бидат реализирани повеќе обуки. И овој пат, Академик како теми за своите практични обуки ги избира најактуелните случувања и промени.

Во следниот период ќе се фокусираме на:

  • Новиот Закон за извршување – импликации од предвидените промени во постапката за извршување. На оваа обука ќе се посочат измените што се направени во Законот за извршување, како и ефектите, промените во обемот на работа и придобивките од донесувањето на горенаведениот закон во пресрет на започнувањето на примената во август 2016.
  • Практични искуства при примена на Законот за јавните набавки, набљудувано од аспект на Државната комисија за спречување на корупцијата и Советот за јавни набавки. Обуката ќе има за цел да ги потенцира најголемите проблеми што се јавиле пред Советот за јавни набавки во постапките за јавни набавки и ќе бидат дадени насоки за соодветно комплетирање на целокупната тендерска документација. Воедно, ќе се дадат практични насоки за постапување при суспензија на изборен процес и во предизборен период.
  • Примена на Законот за катастар на недвижности, со посебен осврт на проектот за подземен катастар. Предавачите, со своите практични искуства, ќе дадат појаснување за воведениот подземен катастар, за обврските и правата на засегнатите страни (сопственици, државата, оператори) и за сите прашања што произлегуваат од неговото функционирање. Ќе стане збор и за графичкиот регистар за градежно земјиште, управувањето со геодетско-катастарски информационен систем, како и за постапката за приватизација и трансформација на правото на користење во право на сопственост пред Агенцијата за катастар на недвижности.