/Прочитано:

700

Академика го објави и новиот Закон за данокот на личен доход на англиски јазик

Новиот и мошне актуелен Закон за данокот на личен доход денеска стана дел од богатата збирка од над 200 закони преведени на англиски јазик и објавени на Академика, со што Академика навремено одговара на професионалните потреби на своите корисници и продолжува со објавување закони преведени на англиски јазик. 

Како најдобра збирка на македонски прописи на интернет, Академика и понатаму ќе продолжи со објавување актуелни прописи на англиски јазик кои се неопходни во правното и деловно работење на корисниците.

Со Законот за данокот на личен доход се уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот на личен доход, даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот на личен доход, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход.

Академика го објави Законот за стечај на англиски јазик