/ Прочитано:

209

Јубилеен 15-ти роденден на АКАДЕМИКА

Со особено задоволство ве известуваме дека, на 01.04.2024 година, Академика – електронската збирка на важечки македонски прописи го слави својот јубилеен 15-ти роденден!

Во изминативе 15 години успеавме да овозможиме пристап на преку 1.000 различни корисници; да обезбедиме преку 65.000 редовно ажурирани прописи; да ја надополниме нашата збирка со над 1.300 закони преведени на албански и англиски јазик; континуирано да ја дополнуваме збирката со судски одлуки, со неважечки закони, да воведуваме нови функционалности, различни начини за пребарување, да ги следиме технолошките трендови во нашето работење, и секогаш да бидеме тука за вас за да одговориме на какво било прашање во врска со Академика.

Ви благодариме за вашата доверба и континуирана соработка, која ни овозможува да продолжиме да ја остваруваме нашата цел и мисија.

 

Со почит,
Тимот на Академик