/ Прочитано:

1.487

ОД УТРЕ СТАРТУВА НОВАТА АКАДЕМИКА!

Почитувани читатели,

Ни претставува огромно задоволство да ве известиме дека од утре, 8.6.2023 година ќе ја стартуваме новата Академика (www.akademika.mk) – комплетна електронска збирка на важечки прописи во Република Северна Македонија. Таа ќе биде со истиот, највисок квалитет, но со нов изглед и, секако, подготвена со најнови технолошки решенија.

По повеќе од 14 години успешно работење и задоволни корисници, дојде време да ја освежиме Академика.

Се трудевме новиот изглед да не се разликува од она на што нашите корисници се навикнати во овие 14 години и во никој случај да не ја наруши комотноста при секојдневното користење. Но, истовремено, внесовме нови функционалности и карактеристики со кои се зголемува брзината при пребарување и добивање резултати, дополнителни параметри за пребарување, листа на најчесто прегледувани, последно прегледувани прописи, листа на најнови прописи итн., кои веруваме ќе ви бидат од голема корист.

Наша заложба и понатаму останува највисок квалитет на производите и задоволни корисници, и веруваме дека новата Академика ќе го потврди тоа.