/ Прочитано:

742

Анализа на Антикорупциската комисија за трошоците на пратениците за користење автомобил

Државната комисија за спречување на корупцијата објави Анализа на трошоците за користење на автомобил во лична сопственост за доаѓање и враќање од работа и надоместок на трошоците за патарина на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија за периодот од 2015 до 2019 година.

Почнувајќи од 2005 година, па наваму, функцијата пратеник се врши професионално, што подразбира секојдневно присуство на седници на Собранието или во работните групи. Поради тоа постои големо трошење на буџетските средства.

Сметаме дека ваквото законско решение не е објективно и не е реално проценето и применето од причина што правото за користење на сопствен автомобил за службени потреби е пренесено како решение од претходни периоди.

Поради фактот што во ниту еден акт не е регулирано што се подразбира под „користење на сопствено возило за службени цели“, постои можност од  користење на буџетски средства за одење и враќање од работа, а не само за одредена службена цел, се наведува во анализата, која во целост може да се преземе на следниот линк .

М.В