Анализа за потребата од воведување интероперабилност во судските институции
Министерството за правда објави анализа за процена на тековната состојба и потребата од воведување интероперабилност во судските институции насловена како „Интероперабилност во правосудниот сектор во Северна Македонија“.
„Прашањето за интероперабилноста, или платформата за електронска размена на разни надворешни документи и информации од интерес и употребата во институциите во рамките на правосудниот сектор се покажа како клучна за подобра ефикасност, целисходност и употреба на ресурсите во повеќето институции во правосудството, пред сè, во судовите. Оваа тема е опфатена во ‘Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија во правосудниот сектор’, издадена во февруари 2019 година, за периодот 2019 – 2024 година, каде што е претставена на следниот начин: ‘Воведувањето на платформата за интероперабилност како долгорочен приоритет во правосудните институции овозможува поврзување на сите институции, побрза размена на податоци, безбедност на размената на податоци, достапност на податоците, поефикасна работа на самите институции и поефикасна и побрза услуга за крајните корисници’“, се посочува во анализата, која е достапна на следниот линк.
М.В