Државен завод за статистика: Стапката на невработеност во вториот квартал намалена на 22,6 проценти
Податоците покажуваат дека бројот на активното население на второто тримесечје изнесува 955.699 лица, од кои вработени се 739.892, а 215.807 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,9, а стапката на вработеност 44,1 отсто. Меѓу невработените, 62 проценти или 133.766 лица се мажи, а 38 проценти или 82.041 се жени. Според возраста, најмногу невработени има кај оние од 25 до 49 години и тој број изнесува 137.859 лица или 63,9 отсто. Гледано според образованието, најмногу невработени има меѓу лицата со средно образование од четири години 113.403 лица.
Државниот завод за статистика објави дека стапката на невработеност во второто тримесечје од годинава изнесува 22,6 проценти и во однос на претходниот квартал бележи намалување од 0,3 проценти. Според објавените податоци од страна на ДЗС, невработеноста во првиот квартал изнесувала 22,9 проценти, а во последниот квартал од 2016 година 24 проценти.
Податоците покажуваат дека бројот на активното население на второто тримесечје изнесува 955.699 лица, од кои вработени се 739.892, а 215.807 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,9, а стапката на вработеност 44,1 отсто.
Меѓу невработените, 62 проценти или 133.766 лица се мажи, а 38 проценти или 82.041 се жени. Според возраста, најмногу невработени има кај оние од 25 до 49 години и тој број изнесува 137.859 лица или 63,9 отсто. Гледано според образованието, најмногу невработени има меѓу лицата со средно образование од четири години 113.403 лица.
Кај вработените, податоците покажуваат дека најголем дел се вработени во преработувачката индустрија 143.711 лица, потоа земјоделство, шумарство и рибарство каде што се вработени 120.304 лица, а во трговијата на големо и мало 106.836 лица.