/ Прочитано:

1.438

ДЗС: Трошоците на живот во ноември пониски за 0,2 отсто

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,2 % во ноември 2016 година, во споредба со претходниот месец е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 17,0 %, оризот за 8,0 %, компирот за 1,2 %, месото за 0.6%, маслото и маснотиите за 0.5% и замрзнатото овошје за 0.2%. Во ноември, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7,1 %, информатичката опрема за 1,7 %, книгите за 0,3 %, терапевтските помагала и услугите за култура за 0,2 %.

супермаркет

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во ноември 2016 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99,8.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,2 % во ноември 2016 година, во споредба со претходниот месец е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 17,0 %, оризот за 8,0 %, компирот за 1,2 %, месото за 0.6%, маслото и маснотиите за 0.5% и замрзнатото овошје за 0.2%.

Во ноември, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7,1 %, информатичката опрема за 1,7 %, книгите за 0,3 %, терапевтските помагала и услугите за култура за 0,2 %.

Пораст на индексот на трошоците на животот во ноември 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 3,2 %, јајцата за 0,9 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,8 %, полномасното млеко за 0,7 % и другите прехранбени производи за 0,3 %.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската опрема и телефакс-опремата за 3,2 %, болничките услуги за 1,4 %, услугите за сместување за 1,3 %, течните горива за домаќинствата за 1,1 %, мотоциклите за 1,0 %, накитот и часовниците за 0,6 %, обувките за 0,5 %, велосипедите, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,4 %, гасот за домаќинствата, градините, растенијата, цвеќињата, рестораните и кафулињата за 0,3 %, облеката, течните горива и мазива за 0,2 %.

Индексот на трошоците на животот во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година, бележи намалување од 0,2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 0,2 %.