/ Прочитано:

1.497

Именки што се пишуваат разделено

Старата латинска вели REPETITIO MATER STUDIORUM EST или ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО, затоа Академик ќе ве потсетува на некои правила од Правописот на македонскиот јазик со цел да го повториме она што некогаш сме го учеле.

 

Разделено се пишуваат двочлените состави од именки од кои едната ја определува другата, а и двете се менливи. При членувањето, членот доаѓа кон првата именка од составот (на пр. земја членка, земјата членка, земји членки, земјите членки).

Така се пишуваат и:

ангел чувар, автомобил бомба, асистент истражувач, асистент режисер, град домаќин, жена академик, жена борец, жена премиер, жена претседател, жена фармер, земја аспирант, земја домаќин, земја кандидатка, земја корисник, куче чувар, лекар специјалист, наставник ментор, трговец поединец, член соработник итн.

Примери:

  1. Меѓусебната соработка и поддршката од земјите членки на ЕУ се клучни во градењето на ефикасен антикорупциски систем.
  2. Членовите на Комисијата се избираат од лекарите специјалисти во рамките на Одделението за оцена на работната способност.
  3. Трговецот поединец е физичко лице кое во вид на занимање врши некоја од трговските дејности определени со Законот за трговските друштва.

 

Слеано пишување на именките

Именки што се пишуваат со цртичка