/ Прочитано:

3.235

Измени во Законот за финансиска дисциплина – казни од 10 илјади евра за прекршок

За прекршоците утврдени со овој закон, надлежен суд води прекршочна постапка и изрекува прекршочна санкција. Барање за поведување на прекршочна постапка поднесуваат Финансиската инспекција во јавниот сектор, односно Управата за јавни приходи.

ujp-9-smalena-e1360160618926.jpg

Во согласност со измените и дополнувањата на Законот за финансиска дисциплина, објавени во „Службен весник на РМ” бр. 215/15, се менува фазата во која овластените подносители се должни да поднесат Известување за пречекорување на законските рокови за плаќање (на образец МФ/УЈП) http://ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0738/MF-UJP_Izvestuvanje_41-16_01.03.2016.pdf Управата за јавни приходи го спроведува инспекцискиот надзор на деловните трансакции меѓу економските оператори од приватниот сектор, кај кои е пречекорен законскиот рок за плаќање на обврските, и тоа:

– по добиено  Известување (МФ/УЈП) од судот дека е донесена правосилна пресуда

– по добиено Известување (МФ/УЈП) од нотар дека е донесено правосилно и извршно решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа, донесени во постапка за присилна наплата на парична обврска која произлегува од деловна трансакција, и

– по добиено Известување (МФ/УЈП) од извршител за примено барање за извршување врз основа на извршна нотарска исправа.

Судот, нотарот, односно извршителот се должни да го достават Известувањето МФ/УЈП, во рок од 10 дена од донесувањето на пресудата, односно решението, односно од приемот на барањето за извршување.

Исто така, се пропишува обврска на министерот за финансии за носење на подзаконски акт со кој се пропишуваат формата и содржината на Известувањето “МФ/УЈП”, кои сега се утврдени со Правилник за формата и содржината на известувањето (“Службен весник на РМ”, бр. 41/16).

Во согласност со членот 2 став 2 точка 5 од Правилникот, заедно со Известувањето “МФ/УЈП” задолжително се приложува:

– правосилна пресуда (доколку подносителот е суд);
– правосилно и извршно решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа (доколку подносител е нотар);
– барање за извршување врз основа на извршна нотарска исправа (доколку подносител е извршител);
– фактура или друго барање за плаќање (суд, нотар или извршител).

Известувањето МФ/УЈП се поднесува до надлежната Регионална дирекција/Дирекција за големи даночни обврзници на УЈП, односно до дирекцијата на УЈП каде што се води и каде што се администрира должникот од приватен сектор.

За прекршоците утврдени со овој закон, надлежен суд води прекршочна постапка и изрекува прекршочна санкција. Барање за поведување на прекршочна постапка поднесуваат Финансиската инспекција во јавниот сектор, односно Управата за јавни приходи.

По исклучок, доколку контролираниот субјект не ја исполнил паричната обврска поради тоа што во моментот на достасувањето на обврската неговата сметка е блокирана подолго од 45 дена, не се поведува прекршочна постапка.

Со измените на Законот за финансиска дисциплина („Службен весник на РМ” 215/2015) се менува членот 17 каде што се предвидени казни од 10 000 евра за прекршок на економски оператор од приватниот сектор (трговско друштво, трговец поединец) или правно лице кое врши профитна дејност и е регистрирано во согласност со закон, доколку не ја исполни паричната обврска во роковите утврдени во членовите 5 ставови 1 и 3 (рок од 60, односно по исклучок 120 дена), членот 6-а (рок од 60, односно по исклучок 120 дена ако како доверител и должник се јавуваат економски оператори од приватниот сектор, односно рокови од 60, односно 90 дена ако субјектот од јавниот сектор се јавува како должник, а доверител е економски оператор од приватниот сектор)  и член 7 (рок од 30 дена) од овој закон.

Исто така со измените на овој закон („Службен весник на РМ” 215/2015), се воведуваат и нови казни за субјектите од јавниот и од приватниот сектор, како и казни за одговорните лица во овие субјекти.