/ Прочитано:

1.569

Измените на законите за СЈО и заштита на сведоците денеска пред пратениците

Група пратеници предлагаат Предлог-закон за изменување на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, во скратена постапка.

СЈО зграда

Измените во Законот за Специјалното јавно обвинителство и во Законот за заштита на сведоци денеска се на дневен ред на седница на Собранието на РМ.

Група пратеници предлагаат Предлог-закон за изменување на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, во скратена постапка.

Во актуелното законско решение за крајниот рок за покренување обвинение е предвидено „јавниот обвинител кој раководи со јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“.

Во предложеното законско решение се предвидува следното:

„Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за незаконско следење на комуникациите ја завршува истражната постапка кога ќе оцени дека состојбата на работите е доволно разјаснета за да може да подигне обвинение или да се запре истражната постапка, односно во рок од 12 месеци од денот на донесување на наредбата за спроведување на истрага. Ако истражната постапка не заврши во рок од 12 месеци од денот на донесување на наредбата за спроведување на истрага, јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за незаконско следење на комуникациите е должен за тоа да го извести јавниот обвинител на Република Македонија, кој може тој рок да го продолжи за уште шест месеци.”

Во Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за заштита на сведоци се наведува:

„Со донесувањето на овој закон ќе се обезбеди целосна имплементација на начелото на автономија на јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, уредено со членот 6 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Службен весник на РМ, бр. 159/15), односно ќе се обезбедат услови јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите да има целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, се вели во законското образложение.