/ Прочитано:

376

Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски и зелени зони

Министерството за економија преку ЕНЕР известува за почеток на процесот за подготовка на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски и зелени зони.

Потребата од изменувањето и дополнувањето на Законот за индустриски и зелени зони е поради допрецизирање на одредени постапки за основање на зоните во зависност од статусот на основачот на зоните како и утврдување на исклучоци во руралните општини со што би се овозможил побрз економски развој на руралните општини, а воедно би се поедноставила постапката за основање во истите.

Со предложените измени и дополнувања на Закон за индустриски и зелени зони се обезбедува конзистентност на постапките за основање, управување и работење со индустриските и зелените зони, јасно определување на надлежностите на одредени правни субјекти при основањето на зоната, симплифицирање на постапките за проширување, скратување и трансформација на зоните и растеретување на корпусот на законот од уредување на прашања кои по својот карактер се предмет на подзаконски акти.

Временската рамка за изготвување на предлог-законот е од 30.11.2022 до 16.12.2022.