/ Прочитано:

835

Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог-закон за превоз во патниот сообраќај

Министерството за транспорт и врски преку ЕНЕР известува за почетокот на процесот за подготовка на Предлог-закон за превоз во патниот сообраќај.

Со предлог-законот се предвидуваат условите и начинот за вршење превоз на патници и стоки во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај.

Целта на предлог-законот е да се изврши усогласување со европското законодавство, да се изврши либерализација на патниот сообраќај, да се подигне квалитетот на возилата со повисоки стандарди, да се подобрат условите во меѓународниот патен сообраќај. Воедно, да се овозможи и полесна примена на законот со оглед на тоа дека истиот има многу измени и дополнувања.

Временската рамка за изготвување на предлог-законот е 17.10.2022 – 11.11.2022 година.

Сите засегнати страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог-законот и нацрт Извештајот за ПВР на www.mtc.gov.mk.