Јавниот обвинител на РМ го свика стручниот колегиум за мислењето на Врховниот суд и предметите на СЈО
Јавниот обвинител на Република Македонија денеска свика седница на Стручниот колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија.
„Седницата е свикана во проширен состав, односно покрај Јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ќе присуствуваат и вишите јавни обвинители на Вишите јавни обвинителства и јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
На седницата која ќе се одржи утре, 7 февруари, ќе се разгледува Барањето мислење од колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1 Скопје за начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија од 30 јануари годинава. Воедно, тема на Стручниот колегиум ќе биде натамошното постапување по предмети поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите“, соопштуваат од ЈОРМ.
Законските надлежности на Врховниот суд
Според претседателот на Врховниот суд, законските одредби за СЈО се јасни
Кривичниот суд: Јавниот обвинител да се произнесе за постапувањето во предметите на СЈО
Постапката за барање автентично толкување во Деловникот на Собранието на РМ
Врховниот суд треба да одржи општа седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО
Соопштение на Врховниот суд за одржување седница по повод иницијативите во врска со истрагите на СЈО
М.В