/ Прочитано:

662

Јавното обвинителство: Сашо Мијалков во попладневните часови се јави во обвинителството

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштува дека обвинетиот Сашо Мијалков во попладневните часови се јави во обвинителството и притоа му е врачено Решение за определена мерка куќен притвор.

Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот“, соопштуваат од Обвинителството.

Обвинителството: Постојат основи на сомнение за помагање на бегството на Мијалков

МВР ја објави националната потерница за Сашо Мијалков

Кривичен суд: Обвинителството бараше притвор за Мијалков поради сомнение за бегство

МВР во потрага по Сашо Мијалков, кому му е определен куќен притвор

М.В