/ Прочитано:

901

Ќе се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари

Во Собранието на РМ група пратеници од владејачкото мнозинство поднесоа Предлог-закон за изменување на Законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка.Со предложените измени, се вели во законското образложение, се одложува примената на актуелниот Закон за трговија на зелени пазари. Измените се предлагаат поради недоволна подготвеност на трговците.

И од Владата најавија дека Законот за трговија на зелени пазари ќе се одложи и сите субјекти ќе кажат што мислат. Опозицијата, пак, бара укинување на спорното законско решение. Претходно, од Групацијата на пазари во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија рекоа дека со примената на Законот за трговија на зелени пазари може се случи повеќе од 6.000 закупци на тезги да останат надвор од зелените пазари од почетокот на 2019 година.

РИЗИК ЗА ОПСТОЈУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ: Групацијата за пазари против Законот за трговија на зелените пазари

Групацијата на пазари бара да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари

Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на седница на Законодавно-правната комисија

Законските измени за пензионирањето на рударите и за осигурувањето на трговците на зелени пазари во собраниска процедура

Трговците на зелени пазари ќе имаат легитимации кои ќе ги издава Комората на трговци

ПРЕДЛОЖЕН ЗАКОН ЗА ТРГОВИЈА НА ЗЕЛЕНИТЕ ПАЗАРИ: „Да се реши работниот статус на лицата кои работат на зелените пазари“

М.В