/ Прочитано:

706

Конференција на претседателите на врховните судови од Централна и Источна Европа

„Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, на покана на Врховниот суд на Република Словачка учествуваше во работата на деветтата по ред Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа, која се одржа од 26 до 29 мај 2019 година во Братислава, Република Словачка.

Годишната конференција, која се организира со поддршка на Институтот ЦЕЕЛИ, и во која учествуваат претседатели и судии од сите врховни судови во Централна и Источна Европа, има цел да ја поттикне соработката на ниво на највисоките судови и да овозможи размена на искуства и добри практики, но и изнаоѓање на начини за надминување на предизвиците и зајакнување на владеењето на правото.

На оваа конференција се дискутираше и се разменуваа искуства на следните теми: негување на поволни перцепции кај јавноста за вредноста на судовите во современата медиумска средина, улогата на врховните судови во уедначување на судската практика, избор на судии, улогата на судовите во унапредување на човековите права, ефективни дисциплински механизми и издавање на јасни, добро образложени мислења на сите нивоа“, соопштуваат од Врховниот суд.

М.В