/ Прочитано:

1.472

Мислење на Народниот правобранител во врска со наставата во услови на далечинско учење

Народниот правобранител до Министерството за образование и наука достави  мислење во врска со наставата во услови на далечинско учење.

Имено, според Народниот правобранител, учењето од дома и натаму ќе остане предизвик за родителите, особено за семејствата во социјален ризик кои имаат тешкотии со обезбедување на технички предуслови за следење на настава од далечина, како и поради тоа што некои родители воопшто не се во можност ефикасно да ги поддржат своите деца во совладувањето на наставните содржини, што има негативен ефект во континуитетот на едукацијата на децата.

„Народниот правобранител, следејќи ја состојбата со образованието на децата согледа дека за време на траењето на онлајн наставата (почнувајќи од средината на март, па сè до крајот на учебната година) училиштата и наставниците не добија унифициран систем, издржана платформа преку која секојдневно ќе комуницираат со учениците и ќе ја реализираат наставата. Имено, кон крајот на март со појавувањето на платформата за далечинско учење ‘Едуино’ се забележаа низа пропусти на самата платформа, првенствено поради тоа што повторно стануваше збор за еднонасочно предавање на материјалот преку кратки видеа подготвени од малкумина наставници ентузијасти, при што многу теми се повторуваа, а истовремено одредени теми воопшто не беа обработени, па дури и недостигаа цели наставни предмети. Имајќи ги предвид реакциите и забелешките на родителите и учениците, произлегува дека платформата ‘Едуино’ не беше системско решение кое беше општоважечко и обврзувачко за секое училиште, односно за секој ученик“, се наведува во Мислењето, кое во целост може да се преземе на следниот линк.

Објавена нацрт-верзијата на Концептот за образование од далечина

M.В