/ Прочитано:

5.278

Новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители влегува во собраниска процедура

Министерството за правда пред членовите на Владата го постави и Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители. Владата го усвои овој закон и донесе одлука и тој да биде пуштен на усвојување во собраниска постапка.

„Основната цел на предлагањето на овој закон е содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор дефинирана како уедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, нови законски критериуми за состав на органите на управување и раководење на Академијата, како и за редефинирање на начинот на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за процена на знаењата на кандидатите“, посочуваат од Владата.

Академијата, се пропишува во Предлог-законот,  се основа со цел професионално, независно, непристрасно и ефикасно извршување на судиската и јавнообвинителската функција, како и стручно и ефикасно извршување на работите на стручните служби во судството и јавното обвинителство.

Академијата врши прием и стручно усовршување на кандидатите за судии и јавни обвинители, континуирана обука и унапредување на стручноста на судиите и јавните обвинители, континуирана обука на стручните служби во судството и јавното обвинителство, специјализирана обука за судиите поротници, обука на субјектите кои учествуваат во спроведување на законите од областа на правосудството, како и заради вршење аналитичко-истражувачка дејност од областа на правосудната теорија и практика.

„Со Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители се врши негово усогласување со насоките содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и препораките дадени од страна на релевантните меѓународни институции. Основна цел на Законот е ревидирање на начинот на селекција и полагање на приемниот и завршниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за проценка на знаењето на кандидатите“, образложија од Министерството за права во врска со Предлог-законот.

Објавен Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители

Министерството за правда подготвува нов Закон за Академијата за судии и јавни обвинители

Прифатен Годишниот извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022

Усвоен Првиот годишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор

Советот за Стратегијата за реформи на правосудниот сектор: Потребна е реформа на Академијата за судии и јавни обвинители

Формиран Советот за следење на имплементација на Стратегијата во правосудството 2017 – 2022

Усвоена Стратегијата за реформи во правосудниот сектор

М.В