Новиот Закон за меѓународно приватно право со европско знаме пред собраниските комисии
Новиот Предлог-закон за меѓународно приватно право е на дневен ред на Законодавно-правната комисија и пред Комисијата за европски прашања. Предлог-законот, чиј предлагач е Владата, е во фаза на прво читање и во собраниска процедура е со европско знаменце.
„Целта на Предлог-законот е усогласување на Законот за меѓународно приватно право со Европското право меѓународно приватно право. Оваа цел треба да се оствари првенственто преку транспонирање на решенијата од позитивните инструменти на Европското право од оваа област. Со транспонирање на позитивните решенија од меѓународното приватно право на Европската унија, во суштина се врши целосна усогласеност на домашното меѓународно приватно право со европското меѓународно приватно право Извештајот беше изработен како дел од процесот на анализа на степенот на усогласеност на националното законодавство со Европското законодавство за Поглавје 23З“, се вели во образложението на Предлог-законот.
Министерството за правда подготвува нов Закон за меѓународно приватно право
М.В