/ Прочитано:

959

Објавена нацрт-верзијата на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2018 – 2020 година

МИОА ја објави нацрт-верзијата на Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2018 – 2020 година. Република Македонија, се вели во документот, континуирано работи на подобрување на ефикасноста во работењето на државните институции, на зголемување на транспарентноста и пристапот до информации, на борбата против корупцијата и на обезбедување на висок квалитет на јавните услуги за граѓаните и бизнисите преку искористување на моќта на технологијата и иновациите.

Преку пристапување на глобалната доброволна инцијатива за Отворено владино партнерство, Владата на Република Македонија се обврза и ја потврди својата заложба континуирано да се подобрува и својата работа да ја темели  на отворени, транспарентни, сигурни и ефикасни владини институции, кои  комуницираат и соработуваат со граѓаните. Обврските во поглед на транспарентноста во вршењето на владините активности, како и вклучувањето на граѓанскиот и приватниот сектор претставуваат високи приоритети во програмата на Владата на Република Македонија. Граѓанскиот сектор акумулира огромна креативна енергија која треба да се користи поактивно во јавниот сектор преку подобрување и негување на културата на вклученост и почитувањето на правата на сите граѓани во процесот на креирање политики и донесување одлуки, донесување закони и пристап до информации. Уште поважно, Отвореното владино партнерство врши силно влијание врз иновациите, развојот и конкурентноста.

„Во изминатите години Владата на Република Македонија беше насочена кон унапредување на транспарентностa на власта, поголем ангажман и вклученост на граѓаните во процесот на донесување одлуки, воведување на поголеми стандарди на интегритет и поголем пристап до технологија за сите граѓани на Република Македонија. Владата на Република Македонија и со четвртиот Национален акциски план за Отворено владино партнерство 2018 – 2020 година останува на заложбата активно да работи на приоритетите кои се однесуваат на пристап до информации, интегритет и добро управување, фискална транспарентност, отворени податоци и транспарентност на локално ниво“, се вели во Нацрт-верзијата на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2018 – 2020 година.

Целосниот текст на документот

М.В