/ Прочитано:

3.459

Основниот суд Скопје 1 – Скопје засилен со петмина судии од неколку основни судови

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, истакна дека законските услови се исполнети, дека има изјави за согласност од сите судии да бидат привремено делегирани во Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Членовите на Судскиот совет оваа одлука ја усвоија на барање на Владимир Панчевски, претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, со образложение дека Судот има потреба од дополнителен број судии.

Седница на Судски совет

Членовите на Судскиот совет денеска на седница едногласно ја усвоија одлуката за делегирање на пет судии од неколку основни судови во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кои својата судиска функција треба да продолжат да ја извршуваат во овој суд во времетраење од една година.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, истакна дека законските услови се исполнети, дека има изјави за согласност од сите судии да бидат привремено делегирани во Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Членовите на Судскиот совет оваа одлука ја усвоија на барање на Владимир Панчевски, претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, со образложение дека Судот има потреба од дополнителен број судии.

Одлуки за привремено упатување за вршење судиска функција на: – судија Јусуф Ајрулахи од Основниот суд Куманово во Основниот суд Скопје 1 Скопје, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето; – судија Даница Павловска од Основниот суд Куманово во Основниот суд Скопје 1 Скопје, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето; – судија Бранка Наумоска од Основниот суд Куманово во Основниот суд Скопје 1 Скопје, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето; – судија Љупчо Спироски од Основниот суд Тетово во Основниот суд Скопје 1 Скопје, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето и – судија Александра Поп-Стефанија од Основниот суд Неготино во Основниот суд Скопје 1 Скопје, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето.

Членовите на Судскиот совет на денешната седница не го усвоија Правилникот за поведување и утврдување на трајно губење на способноста за вршење на судиска функција поради одредени забелешки.
А. Б.