Судскиот совет ќе назначи в. д. претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и на Врховниот суд
Мандатот на Владимир Панчевски, претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, како и мандатот на Лидија Неделкова, претседателката на Врховниот суд, престанува токму денеска, но изборот на редовен претседател за овие два суда ќе се врши по завршувањето на вонредните парламентарни избори.
Членовите на Судскиот совет денеска ќе избираат в. д. претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и на Врховниот суд. Седницата треба да започне во 11:00 часот.
Мандатот на Владимир Панчевски, претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, како и мандатот на Лидија Неделкова, претседателката на Врховниот суд, престанува токму денеска, но изборот на редовен претседател за овие два суда ќе се врши по завршувањето на вонредните парламентарни избори.
Инаку, Судскиот совет ја оценува работата на судиите кандидати за избор на редовен претседател на двата суда. Актуелниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ се тројцата кандидати за претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје и тие ќе бидат оценувани за нивата работа во текот на 2015 година, па сè до 7 октомври оваа година, кога беше распишан огласот за избор на претседател на Судот. Истата постапка важи и за кандидатите за претседател на Врховниот суд, за актуелната претседателка Лидија Неделкова, како и за нејзините противкандидати судиите Јово Вангеловски, Снежана Бајлозова и Беса Адеми.
На дневниот ред на денешната седница на Судскиот совет е ставена и точка по која членовите на Советот ќе треба да донесат одлука за престанок на функцијата судија поротник и одлука за избор на судии поротници во суд.
А. Б.