/ Прочитано:

1.885

План на обуки за задолжителна и за доброволна континуирана обука во Академијата за судии и јавни обвинители

Дел од обуките, кои се од областа на кривичното и граѓанското право, се следните: Практична примена на членот 5 од ЕКЧП/Случаи на Република Македонија и Република Хрватска пред ЕСЧП; Правната терминологија и употреба на правопис во судските одлуки и презентирање на е-базата на прописи и изданија на Службен весник; Практична примена на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната; Преминување на товарот на докажување во случаите на дискриминација и други.

foto akademik

Академијата за судии и јавни обвинители го објави распоредот за задолжителна континуирана обука на судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства.

Планот за обуки се однесува на периодот од септември до декември 2016 година. Дел од обуките, кои се од областа на кривичното и граѓанското право, се следните: Практична примена на членот 5 од ЕКЧП/Случаи на Република Македонија и Република Хрватска пред ЕСЧП; Правната терминологија и употреба на правопис во судските одлуки и презентирање на е-базата на прописи и изданија на Службен весник; Практична примена на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната; Преминување на товарот на докажување во случаите на дискриминација и други.

Покрај тоа, Академијата го објави и планот на обуки во рамки на доброволната континуирана обука на судски и јавнообвинителски службеници за периодот од септември до декември 2016 година.

Обуките се однесуваат на Превенција на корупција и судир на интереси, добро владеење, интегритет и етика; Примена на Законот за судска служба со посебен осврт на оценување на судските службеници и дисциплинската постапка, Извршување на санкции и кривична евиденција и друго.