„Повторување на домашни парнични и кривични постапки по добиени пресуди на ЕСЧП во кои е констатирана повреда’’ – советување во Академијата за судии и јавни обвинители
Советувањето е наменето за судии од граѓанските и кривичните оддели, за јавни обвинители и за адвокати од апелационото подрачја Битола.
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во согласност со Планот на обуки за 2016 година, организира советување на тема: „Повторување на домашни парнични и кривични постапки по добиени пресуди на ЕСЧП во кои е констатирана повреда’’, кое ќе се одржи на 22 септември (четврток) 2016 година во просториите на Апелациониот суд Битола.
Советувањето е наменето за судии од граѓанските и кривичните оддели, за јавни обвинители и за адвокати од апелационото подрачја Битола.
На советувањето свое излагање ќе имаат:
– м-р Даница Џонова од Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права и
– д-р Воислав Стојановски од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се:
– Извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права и повторување на домашната постапка како индивидуална мерка за извршување и
– Праксата на Европскиот суд за човекови права во поглед на повторувањето на постапките и проблеми и предизвици во повторувањето на домашните граѓански, кривични и управни постапки во Република Македонија.