/ Прочитано:

2.198

СОВЕТУВАЊЕ: Мерката притвор и праксата на ЕСЧП

Притворот и другите мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во кривичната постапка, образложение на предлогот за определување на мерката притвор и другите мерки, екстрадициониот притвор од јавнообвинителска гледна точка, се дел од темите на Советувањето.

Мерката притвор и судската пракса на Европскиот суд за човекови права во Стразбур е темата на новото советување кое ќе го одржи Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Советувањето „Мерката притвор/Образложение на предлог за определување притвор и други мерки/Екстрадиционен притвор“ е наменето за јавните обвинители и стручните соработници од сите апелациони подрачја. Притворот и другите мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во кривичната постапка, образложение на предлогот за определување на мерката притвор и другите мерки, екстрадициониот притвор од јавнообвинителска гледна точка, се дел од темите на Советувањето.

На Советувањето свое излагање ќе имаат Сузана Мирческа-Кузмановска и Маја Конеска, јавни обвинителки во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Советувањето ќе се одржи на 2 март во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.