/ Прочитано:

1.525

СОВЕТУВАЊЕ: „Пoвторување на домашни парнични и кривични постапки по добиени пресуди на ЕСЧП во кои е констатирана повреда“

Темите на советувањето ќе ги изложат: м-р Даница Џонова, Биро за застапување на Република Македонија пред ЕСЧП и д-р Воислав Стојановски, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија.

akademik foto

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“организира советување на тема: „Повторување на домашни парнични и кривични постапки по добиени пресуди на ЕСЧП во кои е констатирана повреда“, кое ќе се одржи на 1 април (петок) 2016 година, во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судиите од граѓански и кривични оддели од апелационите подрачја Гостивар, Скопје и Штип.

Темите на советувањето ќе ги изложат:  м-р Даница Џонова, Биро за застапување на Република Македонија пред ЕСЧП и д-р Воислав Стојановски, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија.

Темите што ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

– Извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права и повторување на домашната постапка како индивидуална мерка за извршување;
-Праксата на Европскиот суд за човекови права во поглед на повторувањето на постапките и проблеми и предизвици во повторувањето на домашните граѓански, кривични и управни постапки во Република Македонија.